(ВИДЕО) Ленче Николовска: Руралните жени да имаат поголема поддршка како од централната така и од локалната власт

Вести

Во Битола, во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“, финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“. На најдобрите земјоделци, агробизнисмени и претставници на институциите им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата.

Оваа година манифестацијата Најуспешни во земјоделството за 2021 година беше со медиумска и организациска поддршка на платформата Агротим.

Директорката на Агротим, Ленче Николовска во поздравниот говор ја потенцираше важноста на жената во руралните средини и најави поголема ангажираност и поддршка на жените претприемачки.

Почитуван министер за земјоделство, почитувани земјоделци, претставници на институции и компании, почитувани гости.

Дозволете најнапред да им честитам на сите земјоделци, агробизнисмени и претставници на инситуции за заслужените признанија.

Агротим е специјализирана платформа за информации од областа на земјоделството и руралниот развој и едукација на земјоделците. Тоа е мојот најнов професионален предизвик кој се наметна како потреба од моето долгогодишно искуство, како агроновинар, дел од законодавната и извршната власт, а во меѓувреме постојано на терен со земјоделците…Увидов дека никогаш не се доволни едукација и точни информации за земјоделските производители, што е основна задача на Агротим. Напоредно со развој на Агротим, мојот фокус ќе биде насочен кон поддршка на руралните жени и воопшто на женското претприемаштво. Сметам дека во нас жените има голем потенцијал, не само за земјоделско производство, туку и за бизнис и претриемачки дух. Не ги делам воопшто на машки и женски професии, бидејќи пред се е квалитетот на личноста, но сепак знам дека ние жените го врвиме потешкиот пат во професионалниот живот. Токму затоа очекувам и ќе се залагам за тоа, руралните жени и воопшто жените во стопанството да имаат поголема поддршка како од централната така и од локалната власт, што е крајно добро добро за општеството – истакна Николовска.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *