(ВИДЕО) Синпекс – Добитник на признание за најуспешни во земјоделството за 2021

Вести

СИНПЕКС е компанија во приватна сопственост, која егзистира од 1990 година со основна дејност застапување, продажба и сервисирање на гама производи (механизација, машина и опрема) наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба.

Дејноста на СИНПЕКС претставува семејна традиција долга повеќе од 30 години и на илјадници корисници им претставува знак за распознавање за опрема од овој вид..

Нивното мото е Грижа за квалитетот, а желбата за осовременување и унапредување на македонскиот земјоделец им донесе застапништво на десетици светски брендови за производство на трактори и механизација кои ги задоволуваат светските стандарди. Нивната визија е да се развиваат како компанија со стабилна пазарна позиција која пласира прозводи со најсовремена технологија, врвен квалитет и деловни стандард.

Компанијата Синпекс, на Манифестацијата „Избор на најуспешни во земјоделството“ за 2021 година, како лидери во продажбата на трактори и приклучна механизација добија признание за „Значаен придонес во модернизација и осовременување на земјоделското производство“.

Исто така, на добитничката за Рурален Развој, Катарина Георгиевска, му доделија специјална награда од својата палета на производи, како поддршка на жената вклучена во руралниот равој и руралниот туризам.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *