Викендов снег, мраз и ниски температури

Вести

Од денес под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, информираат од УХМР.

Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под оваа бројка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *