Мали жолти компирчиња од Франција чинат и до 500 евра

Вести

Евтините закуски често вклучуваат компири, но не и оние што доаѓаат од малиот француски остров Норимутје, западно од Нант. Малите жолти компирчиња се најскапи во светот, а чинат и до 500 евра за килограм. Растат само на островот во почвата околу заливот Бискеј, богата со минерали. Ова парче земја што мириса на океан и алги се протега на само 50 квадратни километри.

Компирот бонота внимателно се одгледува и уште повнимателно се бере во врвот на зрелоста во мај, која трае само една недела. Во тоа време 2500 берачи се собираат во зори и работат до зајдисонце, собирајќи рачно компир по компир, за да златестиот плод засјае на масите на најдобрите ресторани во светот.

Тие се карактеризираат со деликатен вкус на лимон, мирис на ореви и се карактеристични по солениот, минерален вкус кој долго време останува на непцето. Се употребува за супи, салати, креми или пире, но за што и да се користи, најважно е да не се лупи кората која што ја содржи миризбата на морето и на почвата.

Но, францускиот деликатес има лут противник. Британскиот синџир на супермаркети „Теско“ почна со комерцијализација на компирот, продавајќи го под цена од околу 3 евра за килограм. Плодови слични на скапоцениот франциски компир растат од другата страна на каналот Ла Манш, на британската територија. Островот Џерси има слична клима и почва, но експертите, сепак, тврдат дека францускиот компир е повкусен.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *