Врвниот квалитет на македонските храна и вина се потврди на саемот за храна и земјоделство #АГРА, што се одржува во Горња Радгона, Република Словенија.
На еден од најстарите саеми во Словенија „ВиноСловенија“, што се одржува во склоп на АГРА, во трката со околу 500 вина од 197 странски винарии, две македонски винарии се закитија со медали. Винаријата Стоби доби златни медали за вината „Веритас 2013“, „Аминта 2013“ и „Ркацители 2017“.
Црвеното вино на винарската визба Тиквеш, „Барово“, доби златна медала, сребрена медала беше доделена на црвеното вино „Бела вода 2015“, а едно од вината на оваа винарија, „Domaine Lepovo Grand cuvee“, се закити со шампионска тутула.
Освен наградите за вината, Европа го препозна и квалитетот на македонскиот органски мед.
Пчеларот Менде Трајковски на саемот АГРА доби сребрена медала за производство на мариовски органски мед.
МЗШВ и понатаму ќе ја продолжи промоцијата на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми.