Висина на субвенции за тутун за 2022 година

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за тутун за 2022 година.

1.11 Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколта 2021 година

-Корисници на оваа подмерка се физички и правни лица кои своето производство на тутун од реколта 2021 година го продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*);

-Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за I-I класа, 70 денари по килограм за I-II класа, 60 денари по килограм за I-III класа, II-I класа од ориенталските дополнителни тутуни од типовите Прилеп, Јака, Џебел и Басмак;

Реализацијата на оваа подмерка ќе се врши според податоци за откупени количини необработен тутун од реколта 2021 година, внесени во Електронскиот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ) од страна на правни лица регистрирани во Регистарот на откупувачи на тутун.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *