Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Вести Сточарство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи

Мерка 2.3: Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

-Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Реализацијата на подмерката 2.3.(Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко) од оваа уредба ќе се врши според податоци за откупени количини кравјо, овчо и козјо млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година кои до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги доставуваат регистрираните откупувачите на сурово млеко.

Административните проверки и контроли потребни за реализација на директните плаќања се вршат врз основа на податоци евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *