Висина на субвенциите за 2021 година за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури  , објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка1.15: Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2021 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;

-Висината на директните плаќања за произведен и продаден семенски материјал, вклучително и употребениот за сопствени потреби предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *