Вкупно 253 милиони денари поддршка за набавка на високопедигриран добиток

Вести

Вкупно 253 милиони денари изнесува финансиската поддршка на 103-те договори за набавка на високопедигриран добиток.

Заедно со предвидените инвестиции на апликантите, сумата што ќе се вложи за зголемување на сточниот фонд, ќе биде 400 милиони денари или седум милиони евра.

Како што истакнаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски пред доделувањето на договорите за набавка на високопедигриран добиток, на повикот објавен пред девет месеци пристигнале рекорден број барања што е доказ за успешните владини политики.

Поддршката за решенијата е три милиони денари по корисник.

-Годинава има рекорден број потпишани договори, а тоа се должи на постојаната комуникација со сточарите. Кога алармиравте дека треба да се променат условите и начинот, постапивме по вашиот предлог. Тоа е доказ дека работиме заедно на терен и носиме политики кои даваaт резултат, рече министерот Николовски.

Тој потсети дека условите за аплицирање за оваа мерка се променија во 2019 година со што се овозможи прво да се потпишат договорите за кофинансирање за сточарите да не се задолжат.

-Се доделува рекордна сума која се доделува во сточарството за зголемување на генетскиот потнцијал. Ако се реализираат сите договори, во државата ќе имаме 2 700 јуници, 1 000 овци и 50 кози кои доаѓаат главно од увоз, од централна и западна Европа, што ќе го измени потенцијалот во сточарството. Се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме и домашни репроцентри за да не бидеме зависни од увоз, но и дека за многу кратко време ќе сведочиме и на првиот увоз на високопедигриран добиток со што значително ќе се зголеми квалитетот на македонското месо и млеко. Се надевам и дека ќе биде искористена новината воведена годинава – дополнителна субвенција за поголем квалитет, рече Бачовски.

Во 2020 година исплатата на поддршката беше на 68 корисници. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *