Thursday, March 28, 2024

Во Битола времено затворен комунален наплатен центар

Вести

Комуналниот наплатен центар на Општина Битола со кој стопанисуваат локалните јавни претпријатија КJП „Нискоградба”, ЈП „Комуналец” и ЈКП „Водовод” е времено затворен.

Станува збор за превентивна мерка за заштита на здравјето на вработените и корисниците на услугите, односно граѓаните кои ги плаќаа своите комунални сметки за извршени комунални услуги во заедничкиот наплатен центар во централното градско подрачје.

Комуналниот наплатен центар е сместен во зградата на Работнички универзитет, на улица „Рузвелтова” во Битола и првично ќе биде затворен до 4 април, информираат од тамошната локална самоуправа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *