Во четири општини од југоистокот утре ќе се прска против комарци – Сопствениците на пчели да ги преземат неопходните мерки за заштита

Вести

 

Во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово утре од 9 до 16 часот, доколку дозволат временските услови, ќе се изврши прво ларвицидно прскање против комарци на жаришта утврдени од општините.

Општините апелираа до сопствениците на пчели да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите и им се препорачува затворање во кошниците во периодот  на акцијата.

Како и минатата, и оваа година е предвидено етапно да бидат извршени две ларвицидни дезинсекции и три тереистични третирања против возрасни комарци.

По препорака на центрите за јавно здравје, прскањето против комарци почнува порано заради поголема заштита на здравјето на жителите во регионот. Целта е да се зголеми ефикасноста и да се добијат подобри резултати од процесот.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *