Бочварски и Рустеми на увид во изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп

Вести

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп (делница Фаришка клисура-Дреново).

Изградбата на патот чини 25 милиони евра, од нив 21,75 милион се од ИПА фондовите, а остатокот од државниот буџет. Експресниот пат е со должина од 15,5 километри, предвидени се пет вијадукти и мостови, по четири натпатници и потпатници, и две клучки кај Градско и Росоман.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *