Во петок во 12 часот во Хотел Романтик – Велес ќе се одржи обука за ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО како дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“.

Вести
Почитувани земјоделци!
Во петок во 12 часот во Хотел Романтик – Велес ќе се одржи обука за ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО како дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“.
Ве покануваме доколку имате интерес да ни пишете во порака и да закажете, со оглед дека бројот на присутните е ограничен заради ковид протоколот.
Проектот „Договорно производство на органска пиперка“, годинава за прв пат стартуваше во организација на Агротим, советници, откупувачи и земјоделски производители. Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *