Во Прилеп издадени над 2800 евидентни листови

Вести

Издавањето евидентни листови, или таканаречени бели картони за новата реколта тутун останува и ќе важи уште оваа година. Досега, за седум работни дена во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп се издадени преку 2.800 евидентни листови и интересот е голем, вели Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министеството во Прилеп.

– Да нема забуна меѓу тутунарите, евидентните листови треба да се извадат за годинашново тутунопроизводство, а нема да важат за в година со новиот закон, кој веќе е подготвен. Поради зголемениот интерес кај тутунарите, годинава во прилепскиот регион, кој ги опфаќа и Долненско и Кривогаштанско се очекуваат околу 13.000 тони тутун кој ќе биде засаден на седум до осум илјади хектари За ланската реколта, којашто сега се откупува и е една од најдобрите и најквалитетните, просечната цена е 217 денари за килограм и тоа најави поголема да биде реколтата 2018/19 година, вели Пачешкоски.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетуваат прилепските тутунари дека зголемените субвенции (80 денари за прва, 70 денари за втора, 60 денари за трета класа) може да ги очекуваат за оваа реколта тутун, која речиси се откупи, иако законскиот рок е до 15 март. 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *