Водата што ја испуштила фабриката „Пејпар мил”предизвикала обојување на водата вореката

Вести

Фабриката за рециклирање хартија „Пејпар мил” од Кочани во одводните канали испуштила техничка вода што пред два дена предизвика обојување на Оризарска Река.

 

 

 

Во писмено известување до јавноста, од фабриката потврдуваат дека во рамки на пробниот период на работење, се тестира и прилагодува опремата што треба да ги унапреди процесите на рециклирање.

– Испуштена е прочистена техничка вода која во својот состав има нештетен калциум карбонат, односно таканаречен воден каменец, што дава бела боја на истечната вода. Постојаните испитувања од лабораторијата на фабриката покажаа вредности кои се целосно безбедни за здравјето и за природната средина. „Пејпар мил” потсетува дека по завршувањето на двете фази на имплементацијата на пречистителната станица во последниот квартал од минатата година, емисијата на технички води беше значително под дозволените граници и безбедна за околината, што беше утврдено и со мерењата и инспекциите на надлежните институции. Дополнително, по започнување со целосно оперативно работење „Пејпар мил” ќе ја почне последната фаза за комплетирање на пречистителната станица за отпадни води, за што се инвестираат 300 илјади евра, се истакнува во писменото известување од фабриката.

По поставувањето на вреќестиот филтер, интерните мерења на пробното работење покажале значително намалување на емисиите во воздухот и на влијанието врз животната средина, со што во целост се исполнуваат гаранциите на производителот на опремата за трикратно помали емисии од дозволените.

Откако ќе заврши пробниот период на работење, а по одобрувањето на акредитирана светска лабораторија, ќе се изврши официјално мерење од страна на надлежните државни институции.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *