Водата во Крушево да не се пие или да се преврива, препорачува „Комуна“

Вести

Крушевската „Комуна“ денеска преку соопштение им препорача на жителите на Крушево водата од градскиот водовод да не ја пијат или да ја превриваат, затоа што по обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување.

„По обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата. „Комуна“ препорачува водата да не се користи за пиење или доколку се користи за таа намена да се преврива“, стои во соопштението на „Комуна“.

Тие ги информираа граѓаните дека претпријатието врши редовни проверки за исправноста на водата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *