Забранет увоз на 27 тони компир во БиХ од Египет, поради присуство на бактерии

Вести

Федералната управа за инспекциски работи на Босна и Херцеговина во текот на редовниот преглед на граничниот премин Горица забранила увоз на 27.000 килограми консумен компир со потекло од Египет поради присуство на бактерии.

Според резултатите на лабораториската анализа на примероците на консумниот компир земени при инспекцискиот преглед, откриено е присуство на бактериите Clavibacter michiganensis и Ralstonia solanan, што е во спротивност со одредбите од Законот за здравјето на растенијата. Затоа пратката не може да биде ставена во промет и употреба.

Увозот на контролираната пратка во количина од 27.000 килограми и вредност од 8.100 долари е забранет и е наредено да се врати кај испраќачот. Објавено е на официјалната страница на Федералната управа за инспекциски работи. Фитосанитарната инспекција контролата ја извршила минатата недела.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *