Висина на субвенции за одгледување говеда, кози и овци за 2022 година, има зголемување

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за одгледување говеда, кози и овци.

2.1. Директни плаќања за обележани грла говеда

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30.11.2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 3.100 денари по грло. Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 1 грло до 100 грла 100% од 101 грла до 150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20%.

2.2. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.1. за основни стада за производство на говедско месо

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и се корисници од подмерка 2.1 на оваа уредба, имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда, и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерка 2.3. на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 30.11.2022 година.

2.3. Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство и го имаат предадено на
регистриран откупувач на сурово млеко за период од октомври 2021 година до септември 2022 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од октомври 2021
година до септември 2022 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко од екстра класа согласно Правилникот за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за анализа на суровото млеко, начинот на класирање и метод на вреднување на суровото млеко, како и начинот на вршење на обуката и програмата за вршење на обуката за контролори, на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 4,5 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 5,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко од екстра класа согласно Правилникот за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за анализа на суровото млеко, начинот на класирање и метод на вреднување на суровото млеко, како и начинот на вршење на
обуката и програмата за вршење на обуката за контролори, на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

2.4. Директни плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2021 година до април 2022 година и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во преработувачки капацитет;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по продадено или заклано грло говедо.

2.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.4 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и се корисници од подмерка 2.4. на оваа уредба, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 18 месеци, да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, буша и мелези и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет;

-Висината на директните плаќања изнесува 4.000 денари по продадено или заклано грло говедо.

2.6. Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда и се корисници од подмерка 2.1 од оваа уредба кои имаат оплодена крава/јуница по пат на В/О и добиено и регистрирано теле во период мај 2021 – април 2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по добиено и регистрирано теле;

-Висината на директните плаќања за добиено и регистрирано женско теле по пат на примена на полово преддефинирано семе (sex semen) изнесува 2.500 денари.

2.7. Директни плаќања за обележани грла овци од сите категории

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци и истите ќе ги чуваат најмалку до 30.11.2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло.

2.8. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.7 за задржано женско јагне

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и се корисници од подмерка 2.7. од оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува 700 денари по грло и се исплаќа за женско јагне кое на 30.11.2022 година е на возраст од шест до 18 месеци.

2.9. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.7. за предадено јагне во регистриран кланичен
капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и се корисници на подмерка 2.7. од оваа уредба и кои имаат предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 година до 31 мај 2022 година;

-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 400 денари по грло предадено кај регистрирани кланични капацитети.

2.10. Директни плаќања за обележани грла кози

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози и истите ќе ги чуваат до 30.11.2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.300 денари по грло.

2.11. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.10.

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на кози и се корисници од подмерка 2.10. на оваа уредба; за задржано женско јаре

-Висината на директните плаќања изнесува 700 денари по грло и се исплаќа за женско јаре кое на 30.11.2022 година е на возраст од шест до 18 месеци.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *