Забрани за сообраќај на тешки товарни возила на неколку патни правци

Вести

Забрана за камиони на Стража, Ѓавато и на патните правци Кичево-Охрид, Тетово-Попова Шапка и Маврово-Дебар

Од 07:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Забарани за камиони има и на планинскиот превој Стража, на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, информиаат од АМСМ и ЈП Македонијапат.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *