Возобновување на соработката со Русија

Вести

Во рамки на официјалната посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников.

На состанокот министрите разговараа за широк спектар на прашања кои се од заедниччки интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

Позитивно го оценија растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар.

Воедно на состанокот беше разговарано и за потенцијалните проекти за кои постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието,спортот и науката.


Во следниот период од двете страни, ќе бидат преземени конкретни чекори за возобновување на соработката во рамки на Меѓувладината комисија и во работните групи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *