Заедно со Грција ќе се штитиме од природни непогоди и катастрофи

Вести

Пелагонискиот регион кај нас и Западна Македонија во Грција започнуваат соработка за заштита на населението од пограничните региони од евентуални природни непогоди и катастрофи. Со тоа ќе се подигне нивото на хуманост и солидарност во пограничните региони на нашата земја и Грција. Во тек е проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи од човечки фактор J-CROSS“ кој го спорведува Центарот за развој на Пелaгонискиот плански регион со други парнери, финансиран од ИПА програмата 2014-2020, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.

Една од активностите е преуредување на коритото и брегот на река Елешка која за разлика од другите реки што од кај нас течат на југ, оваа од Грција тече кон нашата земја и кога водостојот е висок се случуваат поплави.

„Зафат на река Елешка во општина Новаци каде доаѓаше до големи поплави. Со бајпас решение ќе го смениме текот на речното корито, а со тоа при поплави ќе се намалат и негативните последици. Ќе се набави и багер кој ќе го одржува речното корито и за инфраструктурни зафати. Со меѓугранични тренинзи ќе се зајакнат капацитетите на двете страни кога би дошло евентуално до припродни непогоди, заедно да се делува“, рече Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Буџетот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион е околу 300 000 евра. Планирано е инсталирање на систем за рано предупредување и тревожење, изработка на меѓуграничен акционен план за превенција и управување со ризик, интегриран план за превенција од земјотреси, мрежа од повеќе метео станици и џпс уреди за следење свлечишта во инфраструктурите под ризик, брани и патишта.

„Имаме две главни цели, да направимне сите да сфатат дека цивилната заштита е случај за кој сите треба да се грижат и преку таа граѓанска заштита треба да изградиме доверба и да ги заштитиме граѓаните на двете земји. Ако нешто се случува во Битола луѓето од Флорина (Лерин) да дојдат да помогнат и обратно“, рече Вангелис Кацарос од Универитетот Аристотел од Солун, експерт за цивилна заштита.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *