Земјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

Вести

„Организирано земјоделсто до сигурен пласман“ е темата на земјоделскиот форум што се одржа денеска во Скопје.

 

Форумот го организира Националната федерација на фармери (НФФ) во рамки на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од шведската фондација We Effect, а присуствува земјоделци, стопанственици, претставници од владини и невладини институции.

На предвидената панел-дискусија посебно беше акцентирано договорното производство. Беа презентирани и искуства од Хрватска во делот на сигурниот пласман.

Во официјалниот дел на форумот обраќање имаа претседателката на НФФ, Васка Мојсовска,  министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, директорката за ЕУ регионот на We Effect, Анели Лејна,  како и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Вјекослав Танасковиќ.

-На денешниот земјоделски форум насловен „Организирано земјоделство до сигурна пласман“, организиран од Националната федерација на фармери, заедно со фармерите, науката и странските експерти ја презентиравме актуелната состојба со организираноста на земјоделското производство. Зборував за мерките што во таа насока ги презема МЗШВ, како и идните чекори кои заеднички ќе ги преземеме за поттикнување на договорното производство и развој на овој значаен сектор. Особено ми е драго што земјоделството веќе бележи нагорни трендови и почнува да станува вистински двигател на економијата, истакна министерот Николовски.

Организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери.
Воспоставување на договорно производство е клучен предуслов за обезбедување на сигурен откуп на земјоделските производи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *