Запленетите 4,5 тони путер со изминат рок ќе бидат уништени на Дрисла

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ“, Скопје. Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година. Производот е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата на производот (13.02.2021 година) не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.

Од страна на АХВ, потоа се спроведени дополнителни контроли во истата млекарница и кај дел од дистрибутерите. При тоа, запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер за кој застапник е млекарницата „Евро Млекара ДООЕЛ“, достигна скоро 4,5 тони. Дополнително ќе се спроведат контроли и на останатите производи од оваа млекарница.

Целокупното количество на увозен путер со поминат рок, ќе биде уништено денеска на депонијата Дрисла. Контролите од страна на АХВ продолжуваат и во текот на следната недела на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници, што се продаваат на македонскиот пазар. АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските правила за продажба на производи. Со оваа акција на АХВ е спречено загрозување на здравјето на граѓаните со небезбедни производи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *