Заштитете ги животните од студ и снег

Вести Живинарство Совети Сточарство

Најавените врнежи од снег проследени со ветер и пад на темепертурите, можат негативно да влијат на здравјето на животните, иако, повеќето видови, релативно добро ги поднесуваат ниските температури. Во вакви услови, одгледувачите на животни навремено треба да обезбедат вода и храна за животните, најмалку за две недели, во количини кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на животните.

Храната треба да е со задоволителна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на фармите. Во услови на ниски температури и врнежи од снег, препорачливо е одгледувачите да ја зголемат вообичаената дневна дажба на храна за животните, а особено кај гравидните, за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

На животните никако не треба да им се дава смрзната храна. Тие исто така не можат и не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат со лижење мраз или снег. Затоа, за нив треба да се обезбеди свежа вода за пиење со соодветна температура. Препорачливо е фармерите, во одгледувалиштата кои имаат автоматски/статичен систем за напојување, навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично кои ќе ги употребат за напојување на животните.

zivotni sneg 2

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *