Николовски постојано остварува непосредни средби со граѓаните на терен

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера беше во посета во Кумановско, и оствари повеќе средби со земјоделците од тој крај.

-Продолжуваат активностите на непосредни средби со граѓаните на терен.  Денеска, ги посетив и разговаравме со жителите од Горно Којнаре, Кумановско, рече Николовски.

На средбата се разговараше и за искористеноста на ИПАРД средствата, примената на европските закони во земјоделството кај нас, со што ќе се добие поконкурентно земјоделство на европскиот пазар.

-Нашите заложби како министерство веќе се во тие насоки за поедноставување на процедурата за аплицирање на ИПАРД и усогласување на законите со земјите членки на ЕУ, истакна Николовски.

Меѓу другото тие разговараа и за проблемите со шумската сеча и за измените на законот кои се во процедура.

Б.П. за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *