Заштити се од шумски пожари

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање ја поддржуваат кампањата за намалување на заканите од пожари во период на високи температури, која ќе се одвива на целата територија на Републиката во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а со поддршка на ЕВН.

Целта на оваа кампања е да се делува превентивно и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор. Кампањата ќе се реализира преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори на заштита во случај на шумски пожари.

Сите совесни граѓани можат да пријават несакани појави на одговорните лица:

  • од МЖСПП, Васка Стојановска на тел. 075 383 046 и

  • од МЗШВ, Назиф Сефери на тел. 070 409 968.

Да ги следиме упатствата на Дирекцијата за заштита и спасување за совесно однесување во природа и да го заштитиме нашето зелено богатство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *