МЗШВ: Со користење на семенски материјал и искористување на субвенциите може да се постигнат рекордни резултати

Вести

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Гермијан.Оваа посета министерот Димковски ја искористи да се запознае подетално со производство на пченица од овогодинешната реколта.

“Годинава според последните податоци е вкупно ожнеана 67.833 хектари или 92% од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, 3.300 по хектар. Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец”- изјави министерот Димковски.

Земјоделецот од село Гермијан, Владо Атанасовски, е позитивен пример за тоа, како со употреба на семенски материјал и квалитетна прихрана може да се постигнат одлични резултати. Годинава на неговите ниви кои се со квалитет од 7 класа, добил род од 7 тони просечно по хектар.

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успеа да ги исплати досега сите основни мерки за субвенции од програма за 2018 година а веќе се спрема за исплата и на дополнителните мерки, а до овој момент има исплатено 300милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.”- изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски

Димковски потсети дека досега се поделени 34.000 персонализирани картички, со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *