Земјоделците во паника од евентуалното руско ембарго

Вести

Македонските земјоделци во грч. Пред стартот на сезоната исплашени се од најавениот руски одговор. Дали тој ќе значи ембарго за увоз на македонски производи?

Дури 60% од вкупните колични овошје и зеленчук завршува на рускиот пазар. Откупувачите велат дека ако евентуално рускиот пазар се затвори, цените на сите производи драстично ќе паднат, а алатернативен пазар засега немаат.

По протерувањето на еден руски дипломат од земјава, руската амбасада најави дека целосна одговорност за последиците ќе сноси македонската страна. Дали тоа значи економски последици, засега е неизвесно.

Русија влегува во групата 20 земји со кои Македонија има најголема тргвоска размена. Лани таа надминала 200 милиони долари. Дефицитот е на македонска страна, но извозот минатата година се зголемил за 10% споредено со претходната.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *