„Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ – интервенција на НФФ насочена кон решавањето на проблемите со вишокот јаболка, правење преработки од јаболкaта, воспоставување на договорни односи помеѓу откупувачите и јаболкопроизводителите

Вести

„Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ е првата интервенција на Националната федерација на фармери (НФФ), во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Sida.

Целта на интервенцијата е насочена кон решавањето на проблемите на вишокот со јаболка (индустриско јаболко), правење на преработки од јаболкaта, воспоставување на договорни односи помеѓу откупувачите и јаболкопроизводителите, како и маркетинг и промоција на финалните производи. За оваа цел, во рамки на интервенцијата, НФФ спроведува пилот проект согласно принципите на Market sistem development во кој е селектиран интервентен партнер кој ќе учествува во спроведувањето на интервенцијата. Тоа е семејнoто стопанствo Транталовски од Ресен, производител на јаболка и преработки од јаболка и е регистриран оператор за храна согласно правилникот за продажба од куќен праг на производи од растително производство.

Билјана Петровска – Митревска проект менаџер во Националната федерација на фармери, како кординатор за организациски развој на проектот истакна дека оваа интеревнција има за цел да воспостави бизнис модел во кој ќе се произведува сок од јаболко од регистриран оператор на храна и кој ќе воспостави партнерски договорни односи со земјоделци кои се производители на јаболко.

„Од друга страна овие производи ќе се нудат на домашниот пазар за кои исто така преку проектот ќе се даде поддршка за маркетинг и промоција и воедно ќе се имплементираат и активности за едукација за производство и справување со климатските промени, технологија на производство на преработки од јаболка, сметковдствена евиденција на фарма и бизнис планирање. Посебен фокус е ставен на поголемо инволвирање на жените во водењето на сметководствена евиденција на фарма“, вели Петровска.

Наташа Љубецкиј Анѓелиќ, Project Manager, IISEE Project, North Macedonia истакна дека ова е една од првите интервенции кои ќе се спроведуваат во нашата земја, со цел подобрување на социо-економскиот статус на руралната популација во нашата земја. Оваа и следните итнервенции кои ќе бидат спроведени во следните три години, имаат за цел да изнајдат одржлив и долгорочен одговор на препознаените проблеми на руралната популација – зголемен и стабилизиран избор на извори на приходи, како и подобрени услови за живот во руралните средини.

Пере Транталовски потенцира дека оваа интервенција треба да доведе до промени во делот на добивање на додадена вредност од јаболкото преку производство на преработки од јаболка, во конкретниот случај домашен сок од јаболка.

„На ваков начин се влијае на стабилизирање на цената на индустриското јаболко, здружување на јаболкопроизводителите, мотивирање и на други преработувачи на индустриско јаболко да воспоставуваат партнерски односи со фармерите, и воедно да се влијае на домашниот пазар за јакнење на свеста за купување и вреднување на домошното производство“, истакна Пере, кој заедно со својата сопруга Рахела на пазарот продаваат домашни сокови од јаболка, и воедно од своето производство на лешници и малини прават и путер од лешници и сок од малини.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *