Зголемени водостоите на реките – предупредување за можни поплави на земјоделски површини

Вести

Последните информации од синоптичарите кажуваат дека вечерва насекаде е облачно, во поголемиот дел од земјава со врнежи од дожд кои се пообилни во западните делови (врнежи од 19 часот): 56 Лазарополе, 48 Пожаране, 35 Тетово, 19 Скопје Зајчев Рид, 13 Охрид, 7 Тополчани и Битола, 2 Берово и Скопје- Петровец, 1 Виница, Кр. Паланка и Ѓуриште.

Овие врнежи дополнително ги зголемија водостоите на сите реки на територијата на Република Македонија, а особено во горниот дел на р.Вардар и нејзините притоки во полошко, горниот дел на р.Треска и нејзините притоки, р.Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, р.Сатеска и притоките, Голема Река, р.Брајчинска и останатите реки во преспанско, горниот дел на р.Црна и притоките и како и на други останати помали водотеци и суводолици.

Во текот на ноќта ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Врнежи од снег најпрво ќе има само на највисоките планини во северозападните делови, а во текот на втората половина од ноќта ќе се прошират во западните делови и снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Снежната покривка ќе се зголеми, особено во северозападните делови.
Намалувањето на температурите ќе го забави топењето на снегот од горните делови на сливовите, па постепено ќе се намалува дотекот на дополнителни количини на вода во реципиентите, но сепак очекувано е во речните сливови на посочените реки и понатака да има покачување на водостоите.

Поради високите водостои на водотеците можна е појава на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија, и појава на заезерени површини во рамниците.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *