За Германија се произведуваше најквалитетната Нутела

Вести

Европската комисија вчера потврди дека некои мултинационални компании започнале со процес на изедначување на квалитетот на нивните производи, со цел да ги надмудрат новите законски измени, известуваат од канцеларијата на Билјана Борзан.

Тие потсетуваат дека Борзан работи на тоа и дека неодамна е именувана за известувач на Европскиот парламент за различноста на квалитетот на храната. Комесарот за заштита на потрошувачите Вера Јоурова, вчера истакнала три компании кои ги менуваат своите рецепти. Едната од нив е компанијата HIPP, која се обврза на тоа откако биле објавени резултатите од истажувањата кои покажуваат дека тестираната детска храна во Хрватска е помалку здрава од онаа во Германија.

“Комисијата навела и дека Ferrero се обврзал да го изедначи квалитетот на Нутела во сите земји. По моето истражување, Ferrero се изјасни дека квалитетот на Нутела е подобар само во Германија, а во сите останати држави-членки на ЕУ е еднаков. Сега тие влегоа во процес на намалување на квалитетот на Нутела во Германија со цел да не бидат повторно повикани во истражувањата. Ова официјално го објаснуваат со промените во синџирот на снабдување со храна, но потрошувачите во Германија го поврзуваат тоа со проблемот на двоен квалитет и исклучително се незадоволни”, изјавила Борзан.

Истражувањето на Билјана Борзан утврдило дека хрватската Нутела содржи сурутка во прав и помал процент на обрано млеко во прав, додека производите од Германија содржат само обрано млеко во прав (сурутката е поевтина суровина). Исто така е забележана и значајна разлика во бојата, густината, мирисот и вкусот на производот: Нутелата од Хрватска е послатка, погуста и има поинтензивен вкус на какао додека германската Нутела е потемна, има вкус на лешник и полесно се размачкува.

“Комисијата исто така ја навела и германската компанија Bahlsen која произведува вафли и кекси, кои пак се обврзани во сите свои производи кои се нарекуваат “бисквити со путер” да користат исклучиво путер. Ги повикувам и останатите произведувачи да се приклучат, а посебно оние кои произведуваат намирници со голема разлика, како произведувачот на виршлите Wudy или детергентот Ariel”, додала Борзан.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *