„Житоунија“: Да продолжат преговорите за извозот на српско брашно во Македонија

Вести

Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад, смета дека треба да продолжат преговорите за извоз на српско брашно во Македонија и ако на краток рок не се постигне договор, да се воведат реципрочни мерки.

Како што наведуваат од „Житоунија“, тие се залагаат преговорите за извозот на брашното да продолжат следната недела.

– Доколку на краток рок не се постигне договор, а со оглед на тоа што ова е веќе 13-ти пат во изминатите осум години македонската страна да презема разни мерки на опструкција на увозот на брашно од Србија, „Житоунија“ останува на барањето на Македонија да и се воведат соодветните мерки на реципроцитет, порачаа од „Житоунија“.

Наведуваат дека единствено прифатливо решение за српските извозници на брашно е „целосно укинување на изменетиот Правилник за маркиците за брашно“.

На 23 февруари „Житоунија“ од Нови Сад поднесе иницијатива до надлежните државни органи на Србија, веднаш да се воведат реципрочни мерки за увозот на замјоделско-прехранбени производи од Македонија.

– Според новата постапка, брашното од Србија се извезува во Македонија без македонски марки. Потоа се складира таму и по фитосанитарниот преглед увозникот може да ги подигне маркиците и потоа да ги истакне на производот. Меѓутоа, исто така мора и да го отпакува брашното и да ангажира луѓе. Оваа постапка, посочија од „Житоунија“, може да потрае и до еден месец.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *