Зошто се тимарат (чешлаат) кравите?

Вести Совети Сточарство

Зошто се тимарат кравите? Ако некогаш сте се запрашале, сега е време да дознаете. Прочитајте повеќе за ова во текстот подолу. За време на летото кај добитокот, покрај високите температури, сепак може да им засмета и нешто друго. Поради оваа причина, тимарењето може да биде превентивно и да се отстрани непријатност која ја чувствуваат, особено во млечните крави.

 

Кои проблеми ги решава тимарењето на кравите?

Влакната го покриваат целото тело на добитокот и апсорбираат многу телесни течности, како што е потта, поради што подоцна се лепи нечистотијата и прашината од околината. Тогаш доаѓа до запушување на порите, чешање, и животните се чувствуваат непријатно. Овој феномен може дури и да предизвика намалување на приносот на млеко. Нечистотиите треба да се отстранат на некој начин. Затоа се пристапува кон тимарење.

Кога станува збор за молзните крави, посебно внимание мора да се посвети на нивната хигиена, бидејќи нечистотиите од нивните тела можат да се пренесат во машините за молзење млеко, со што би се спречила консумацијата и продажбата на самото млеко. Потребно е редовно да се отстрануваат нечистотиите од нивното тело, особено од задниот дел, стомакот и нозете, за кои може да се залепат делови од изметот, храната и простирката на која лежи кравата.

Од јули до септември, неопходно е секојдневно тимарење на добитокот, а особено на молзните крави, бидејќи во овој период на влакната од кравата престојуваат јајца од инсекти. По краток временски период, излегуваат ларви кои остануваат на кожата. Како последица на тоа, кравите стануваат немирни и го губат своето млеко и тежина. Со тимарењето се отстрануваат влакната на кои се наоѓаат ларвите.

Со текот на годините, производителите имаат вклучено различни видови четки и тоа: рачни, кои можат да бидат од различен вид и со различна дебелина на влакната, и автоматски, кои се користат во модерните штали.

Се препорачува секое животно да има свој прибор, или со еден прибор да се одржуваат мал број на грла, со цел да се намали можноста за болест и пренос на нечистотии.

Друга препорака е дa се внимава при тимарењето на животните да не дојде до оштетување на кожата.

"Современо Земјоделство"
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *