Денеска започнува издавањето на бели картони, за идната реколта за тутун, кое според законскиот рок ќе трае до 31 овој месец.
Со новиот закон за тутун, кој е во собраниска процедура, од наредната година ќе бидат укинати евидентните листови.
Доколку има потреба подрачните единици на МЗШВ ќе работат и втора смена и во сабота за да се издадат сите потребни евидентни листови.
Конкретно, МЗШВ ПЕ Битола, ќе работи во две смени почнувајќи од 7:30 до 20:30 часот.
И здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ на своите членови им дава пополнети пријави за производство на тутун за издавање на евидентен лист (бел картон). Ве очекуваме.
„Современо Земјоделство“
