10 причини зошто да јадете цреши

Вести Овоштарство Совети

Доколку ви се потребни причини зошто да јадете цреши, можеме да ви кажеме дека покрај тоа што се вкусни, имаат и многу бенефиции за здравјето на луѓето.

1. Ја зголемуваат енергијата

Јадењето цреши, благодарение на нивното високо количество шеќер, ќе ви го зголеми нивото на енергија. Следниот пат кога во текот на денот ви се приспива, само земете шака цреши и веднаш ќе ви биде подобро.

2. За подобар сон

Црешите содржат мелатонин, кој овозможува подобар сон. Доколку имате проблем со спиењето, пробајте во текот на денот да јадете повеќе цреши, но не и пред спиење, како што кажавме погоре, заради шеќерот ќе не можете да спиете.

3. Добри се за очите

Содржат многу витамин А, а дел од овој витамин е бета каротенот кој е делотворен за подобар вид и го одржува здравјето на очите. Ретинол е уште една состојка која ја има витаминот А, кој е добар за вашата кожа. Црешите содржат 20 пати повеќе витамин А од јагодите и боровинките.

4. Превенција од рак

Богати се со антиоксиданси, а редовното конзумирање го намалува ризикот од рак и помоагаат за здраво стареење.

5. Подобра дигестија

Благодарение на високото ниво на растителни влакна, го подобруваат дигестивниот систем и го намалуваат холестеролот. Не мора да јадете премногу, една шака на ден е доволна.

6. За намалување болка и отоци

Црешите се богат извор на антицијаниди, кои можат да помогнат да се намали болката или отокот од хронични болести, како и болести на зглобовите и артритис. Ако имате болка од артритис обидете се да јадете цреши наместо да земате апчиња за болки.

7. Превенција од грчеви во мускулите

Иако бананите имаат повеќе калиум од црешите, сепак некои луѓе не сакаат банани, па црешите ви се добра замена. Најдобро е да се јадат пред тренинг, за да ги избегнете грчевите. Исто така, помагаат за намалување на менструални болки.

8. За подобрување на работата на мозокот

Ако сте малце расеани, црешите ќе ви помогнат да го спречите губењето меморија. Црешите се познати како „храна за мозокот“ бидејќи се богати со еден вид на антиоксиданси, антицијаниди, кои се одлични за мозокот.

Покрај другите бенефити од црешите, тие се добри и за вашето срце, го намалуваат ризикот од срцеви болести.

10.  Имаат високи анти – воспалителни својства

Еден од најголемите придонеси од црешите се нивните анти – воспалителни својства. Ова е одлично за оние кои трчаат и атлетичарите, кои имаат болки после тренинг, како и оние кои се болни од артритис. Ако ги имате овие болки, пијте сок од цреша неколку пати во денот.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *