ИПА помош од 18 возила и ИТ опрема во вредност од околу 1,4 милиони евра, за МЗШВ и АФПЗРР

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска со раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини и со директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, ги промовираа набавените 18 возила и ИТ опрема во вредност од околу 1,4 милиони евра, со помош на ИПА фондовите.


Од овие возила 14 се за Платежната агенција, а 4 за МЗШВ.


На овој начин ќе се зголеми мобилноста на Платежната агенција и на МЗШВ, ќе се зголеми директната комуникација со земјоделците на терен, што ќе придонесе за поефикасна реализација на мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и за ИПАРД Програмите.


Со новата ИТ опрема ќе се подобри сигурноста во работењето на МЗШВ, ќе се олесни соработката и ќе се поедностави системот на управување со документи.


Ова е пионерски потфат во техничкото опремување на јавната администрација во Република Македонија, а МЗШВ е прва институција со ваков најнов ИТ виртуелен систем.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *