6000 единки подмладок од крап и пастрмка, денеска беа пуштени во водите на Акумулацијата Стрежево

Вести

Денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски заедно со директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска учествуваа во порибувањето на водите на ова езеро со 1000 единки подмладок од крап и 5000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зголемување на популацијата на риби.

Со водите од Акумулацијата Стрежево се наводнуваат околу 5000 хектари обработливо земјоделско земјиште, се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали.

Акумулацијата Стрежево како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.


Концесијата за управување со водите на ова езеро од минатата година е во надлежност на ЈП Стрежево и тие во досегашниов период ја оправдаа довербата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, управување и стопанисување со акумулацијата Стрежево во целост.


МЗШВ постојано се грижи за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и грижа за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, по примерот на државите од европското семејство, што е и наша цел.

-МЗШВ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *