2.000 изложувачи од 87 земји на Fruit Logistica 2023 во Берлин

Вести

Fruit Logistica е водечки саем за секторот на свежи производи, овошје и зеленчук, кој нуди бројни деловни можности, вмрежување и контакти на клучните носители на одлуки во секој сектор од индустријата. Ќе се одржи во Берлин, Германија, од 8 до 10 февруари 2023 година.

Претходниот саем беше домаќин на бројни учесници и повеќе од 600 компании изложувачи, како и повеќе од 40 илјади посетители. Според организаторите, претстојното издание ќе го посетат уште повеќе професионалци и ентузијасти. На располагање се 112.000 квадратни метри, а ќе бидат присутни 1.994 изложувачи од 87 земји, најавуваат организаторите.

Главните теми на изданието за 2023 година вклучуваат логистика, машини и технологија, како и „Smart Agri“ (паметно земјоделство). Исто така, постои сектор на органски производи кој постојано расте и секоја година бележи се поголем број учесници.

Саемот ќе вклучи седум платформи за презентација на производи: свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, сушено овошје, цвеќиња, билки, замрзнато овошје и зеленчук и органски производи. На посетителите ќе им понуди широк спектар на производи и настани како што се „Innovation Award FLIA“, „Start-up Day“, „Tech Stage“, „Logistics Hub“, „Future Lab“ и „Fresh Produce Forum“.

Исто така, поставена е платформа „Fruit Logistica Online“ која поддржува вмрежување и директна размена меѓу компаниите, носителите на одлуки и клиентите. Ќе обезбеди информации за нови производи и иновативни решенија во индустријата за свежо овошје и ќе обезбеди многу придобивки. За да учествувате, потребно е да се регистрирате.

Цената на дневниот билет е 45 евра, за сите три дена 85 евра, а може да се купи онлајн.

Саемот е отворен за посетители во среда и четврток од 9 до 18 часот и во петок од 9 до 16 часот.

.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *