Реализација на проекти како дел од ИПА Програмата во МЗШВ

На денешната средба на министерот Љупчо Николовски, со координаторите на сите проекти поврзани со МЗШВ, а кои се реализираат со поддршка од ИПА Програмата, се разговараше за статусот на веќе програмираните проекти кои треба да се реализираат оваа година, како и за предлог проектите кои сакаме да бидат дел од ИПА Програмата 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Усвоена програмата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги предложи, а владата ги усвои програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година, како и повеќе други програми од сферата на земјоделството, шумарството и водостопанството.

Share
Прочитај повеќе

140 милиони евра буџет за земјоделците

Најголем е буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од 8,4 милијарди денари кои се предвидени за директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Нова програма за субвенции

Министерството за земјоделство подготвува нова пет годишна програма за субвенционирање. Целта е со нови технологии и инвестиции да се зголеми конкурентноста во секторот. Во програмата се предлага формирање на интервентен фонд од најмалку 6 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Почна закројувањето на виновата лоза

Се кројат лозјата во Тиквешко. Голем дел од лозарите мораат да брзаат и не можат да го чекаат „Свети Трифун“ кога симболично почнува закројувањето. Причината е што имаат поголеми плантажи и поволните временски услови.

Share
Прочитај повеќе

Климатските промени го уништуваат родот

Прогнозите за влијанието на климатските промени навестуваат намалување на приносите и квалитетот на родот. Најмногу кај овошјето, грозјето и зеленчукот. Последиците веќе се чувствуваат.

Share
Прочитај повеќе

Откупот на тутунот во струмичко при крај

Откупот на тутун во струмичкиот регион влегува во завршна фаза. На околу два месеци пред истекот на законскиот рок скоро 90% од овогодинешната реколта веќе е предадена на откупните организации.

Share
Прочитај повеќе

Државата да обезбеди пари за да ги покрива загубите на земјоделците

Земјоделците предлагаат нови мерки за националната програма за рурален развој. Една од нив е воведување на интервентен фонд за регулирање на пазарот. Во прво време фондот ќе располага со 6 милиони евра, средства кои ќе бидат употребени доколку дојде до драстичен пад на откупните цени на поедини земјоделски производи. Во тој случај разликата помеѓу откупната и реалната цена ќе ја субвенционира државата.

Share
Прочитај повеќе

НФФ: Интервентен откуп на пченица само по потреба и не пред први јули

Интервентен откуп на пченицата да има само ако се утврди дека е потребно и да почнува од 1 јули, кога стартува жетвата, а не порано, да се смени старосната граница за млади земјоделци (наместо 35, да биде 40 години), да се обезбеди еднаква поддршка за овчарите во високите и низинските предели, да има субвенции за системот крава – теле, да се облагородат пасиштата со агромелиоративни мерки и рокот за исплата на земјоделски производи од страна на откупувачите да се намали од 90 на 30 дена, бара Националната федерација на фармери (НФФ).

Share
Прочитај повеќе

Рационално наводнување против климатските промени во земјоделството

За македонското земјоделско производство, наводнувањето е клучно. Пченката без наводнување е нерентабилна и дава под два тона на хектар принос, додека со наводнување приносот се зголемува за 400 до 500 проценти.

Share
Прочитај повеќе