Нова програма за субвенции

Вести

Министерството за земјоделство подготвува нова пет годишна програма за субвенционирање. Целта е со нови технологии и инвестиции да се зголеми конкурентноста во секторот. Во програмата се предлага формирање на интервентен фонд од најмалку 6 милиони евра.

Во случај на кризи кои влијаат врз производството или движењата на пазарите во новата пет годишна програма на Министерството за земјоделство е предвидено формирање на интервентен фонд со кој ќе се врши стабилизирање на приходите на земјоделците.

Овие финансиски средства од најмалку шест милиони евра ќе се дефинираат и ќе се користат во наредните пет години. Националната програма е за периодот од 2018-та до 2022-ра година, и е основа за годишните програми. Целта е развој на македонското земјоделство и зголемување на неговата конкурентност со примена на нови технологии и инвестиции.

За зголемување на приходите, земјоделците предлагаат и намалувањена ДДВ за ветеринарните услуги и да се прецизира календар за субвенционирање и за динамиката на исплаќање на субвенциите со точни рокови и датуми. Исто така наместо преку судски постапки да ги водат споровите во врска со субвенциите бараат да се подобри комуникацијата со Платежната агенција и да се формира второстепена комисија зе решавање на нивните жалби.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *