Поевтинуваат свинските месни производи за околу 30 денари за килограм

Поевтинување на свинските месни производи за 10 до 15 отсто или за околу 30 денари за килограм, најавија  преработувачите, поздравувајќи ја времената владина одлука за укинување на увозните давачки. Претставниците на месната индустрија очекуваат во наредните шест месеци, додека трае одлуката, да ги реализираат своите проекции за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

До 100% повисоки субвенции за органското производство

Дополнително финансиската поддршка за развој на органското земјоделско за 2018 година е зголемена од 61 милиони денари на 81 милиони денари. Субвенциите достапни за земјоделците кои практикуваат органско производство, во зависност од културата, се до 100% повисоки од сумите наменети за конвенционално производство. Зголемени се и субвенциите за развојните категории на земјоделските стопанства од 20% за растително и 10% за сточарско производство кое ги опфаќа и органските производители.

Share
Прочитај повеќе