Николовски: Го вративме достоинството на земјоделците

Постигнавме највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари, а 424 млади земјоделци добија грантови од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро бизнис. Со мерката за поврат на персоналниот данок, 65.000 земјоделци добиваат износ еднаков на задржаниот данок,  потенцираше министерот Љупчо Николовски на вчерашната средба со граѓаните од Општина Дебарца, каде ги презентираше новите мерки со кои ги враќаат парите кај граѓаните.

Share
Прочитај повеќе

Намалената побарувачка ги преполови откупните цени на струмичките домати

– Цените паднаа, но не многу и на некој начин се нормални за овој период. Доматите, кои изминатите денови се откупуваа и до 50 денари за килограм, од денеска се преземаат од трговците од 20 до 25 денари за килограм. Краставиците се откупуваат по цена од 20 до 25 денари, а пиперките 40 денари за килограм, изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Share
Прочитај повеќе

Штетите на грозјето и праските во Росоман од градот се од 20 до 100 проценти

Според податоците од стручните служби, градот оштетил околу 50 ха лозов насад и над 30 ха праски. Насадите од праски кои беа погодени од градот, според земјоделските стручњаци ќе имаат послаб и понеквалитетен род а проблем ќе има и да се остават родни и здрави гранки за следната реколта. Поради ваквите состојби постојано се апелира до земјоделците за поставување на заштитни мрежи или осигурување на родот.

Share
Прочитај повеќе

Зелена нафта – до почетокот на есенската сеидба

Во платежната агенција – АФПЗРР, преку која ќе се реализира мерката се прават подготовките за неопходните картички што  ќе ги добиваат земјоделците. Целиот процес би требало да заврши најдоцна до октомври  пред почетокот на есенската седидба кога се очекува  да почне да се користи зелената нафта.

Share
Прочитај повеќе