Зелената енергија во препород на Овчеполието

Идејата Свети Николе да стане центар на инвестиции од областа на обновливите извори на енергија за општината природно се наметнала со оглед на природните карактеристики. На првата средба каде се разгледуваше идејата за јавно приватно партнерство во призводство на зелена енергија беа присутни големи компании кои своите капацитети сакаат да го прошират и во Македонија. Секако, тоа во многу ќе зависи и од енергетската политика на државата, која со години го субвенционира производството на зелена енергија.

Share
Прочитај повеќе

Неизвесен откупот на македонската пченица

Во моментов килограм македонска пченица, што е заостаната од лани се продава по 11 денари, а српско брашно со сите  извозни трошоци веќе може да се купи на пазарот по цена од околу 13 денари.
Годинава се очекува да има добар род од скоро 160.000 тони пченица, што ќе направи многу поголем притисок околу нејзината продажба и откупот.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Локалните акциски групи за Македонија се важни за регионалниот рурален развој

-Вчера заврши третата теренска мисија во Македонија и започнуваме со подготовка за финалниот настан што ќе се одржи на крајот на овој месец во Македонија, на кој што ќе присуствуваат сите регистирани ЛАГ-ови, градоначалниците и експертите од Словенија.  За таа цел, го поканив министерот Жидан да присуствува на завршувањето на еден важен проект за нас како држава, а кој е плод на добрата соработката помеѓу министерствата од Македонија и Словенија, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Заев, Анѓушев и Бабовски во увид на капацитетот во изградба кој повлече најмногу средства преку ИПАРД II програмата

„Компанијата „Подгорка“ е инвестиција која преку ИПАРД II повлече најмногу средства досега. 2 милиони и 250 илјади евра се одобрени од финансиската поддршка. Од нив 1 милион и 687 илјади евра се обезбедени од Еу, и 562 илјади евра од Нациналното кофинансирање. Со оваа инвестиција, уште еднаш докажуваме дека Македонија има потенцијал за да повлече и да искористи што поголем дел од средствата предвидени со ИПАРД програмите“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија дава силен придонес за зачувување на пчелите, како важна гранка за земјоделството и животната средина

Во своето обраќање, министерот Николовски се осврна на долгата традиција што ја има пчеларството во Македонија, која се одликува со сопствен автохтон род пчели. Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, МЗШВ создава институционална поддршка за пчеларството. Со цел модернизирање на процесот и зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор достапни се и мерки од Програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

Share
Прочитај повеќе