Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2018 година

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, млечните производи и рибата.

Share
Прочитај повеќе

Индекси на цените во земјоделството, октомври 2018 година

Во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 110.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Безбедна храна за животни

Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ од почетокот на наредната година.

-Направена е целосно методологијата врз основа на која земјоделските стопанства ќе добиваат „зелена нафта“. Со Платежната агенција се дефинираат процедурите, односно начинот како ќе биде достапна за земјоделците. Во наредните неколку недели заедно со вицепремиерот и премиерот, по затворање на отворените прашања во делот на моделот кој го тестираме бидејќи станува збор за сосема нова мерка која не постоеше досега, ќе го презентираме моделот пред граѓаните и пред земјоделците, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски и Анѓушев од работниот состанок на Министрите за Земјоделство од ЈИЕ: Со јакнење на регионалната соработка до поконкурентни производи и зголемен извоз на меѓународните пазари

Како земја која се стреми да напредува во процесот на интеграција во ЕУ и  кон креирање ефикасна земјоделска политика, подобрувањето на организациската и оперативната основа ни се повеќе од потребни. За мојата земја, која се подготвува за претстојниот процес на преговори, оваа заедничка регионална аналитичка работа е од исклучителна важност“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Хранење на козите пред припустот

Козата  е сезонски  полиестрично  животно, што знaчи дека се пари во одреден период од годината, ( од Август до Декември ), во период кога дневната светлина е намалена, а со тоа е темпирано времето на јарење во период кога почнува вегетацијата.

Share
Прочитај повеќе

Официјално започна 12-тиот Годишен Работен Состанок на Министрите за Земјоделство од Југоисточна Европа (Галерија)

-Денеска ќе слушнеме за резултатите од досегашната меѓусебна соработка, како и идните планови за земјите од регионот. Само со силни партнерства и заеднички политики можеме да донесеме вистински напредок во земјоделството. Чест ми е што оваа година токму Македонија е домаќин на овој важен настан, истакна министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, денес во Струга

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа денеска во Струга ќе почне 12. годишен работен состанок на министрите за замјоделство од Југоисточна Европа.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео: Од утре услови за локални врнежи од дожд

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време. Од утре ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, особено во јужните и западните делови од земјава.

Share
Прочитај повеќе