Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 9.4 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 3.2 %.

Во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 110.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.
Во делот аутпут, во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.0.

