Уште 10 дена за аплицирање за поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки

Сите правни и физички лица кои по 25- ти декември 2016 – та година, користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат финансиска помош во висина од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години. Крајниот рок за доставување на барањата е 18.01.2019 година

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Следуваат нови врнежи од снег, температурите до -18 степени

Под влијание на влажен и студен бран, и утре и задутре претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Share
Прочитај повеќе

Се воведуваат лиценци за ИПАРД консултантите

Со оваа новина се очекува да се зголеми и прагот на прифатливи апликации а со тоа и поголемо искористување на ИПАРД фондовите за модернизација и осовременување на македонското земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците годинава ќе добијат зелена нафта

-Крајна фаза е моделирањето, начинот на кој таа зелена нафта ќе стигне. И, буквално ќе биде достапна секаде, во најблиските бензиски пумпи на земјоделците, за да го намалиме трошокот, а да има ефект од оваа мерка, вели директорот на Платежна агенција, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Досегашните ниски температури не предизвикуваат штети врз земјоделските култури

Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури. Моменталните ниски температури не се невообичаени за овој период  и многу често  ги имало во овој период од годината.

Share
Прочитај повеќе

За три недели истекува рокот за јавниот повик за интерес за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

За околу три недели односно на  25- ти  јануари истекува рокот за доставување документација за јавниот оглас за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата.

Share
Прочитај повеќе