Загревање на леите каде се одгледува расадот – апелираат агрономите

„Ако температурата падне на 10 степени или пониско доаѓа до пореметување, а на нула и до измрзнување. Задолжително температурите да се држат на 15 степени, а преку дента кога е сонце, на 25 степени.“ – вели Игор Ивановски – агроном.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Денеска ќе престанат снежните врнежи

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежните врнежи ќе престанат речиси во целата земја веќе денеска претпладне. Времето ќе биде облачно, но ќе се појавуваат и сончеви периоди, особено во североисточните делови, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Од понеделник, информираат од УХМР, повторно ќе заврне снег, но со многу помал интензитет. Ќе се покачат и минималните температури, но сепак ќе останат негативни.

Share
Прочитај повеќе

Препораки до одгледувачите на животни при ниски температури

При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова, наведува АХВ.

Share
Прочитај повеќе

Наскоро истекува рокот за конкурирање за двете мерки за инвестиции во земјоделството од ИПАРД 2 Програмата

За три недели односно на 29-ти овој месец истекува рокот за поднесување на барања за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Рокот за поднесување на барања за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ истекува на 9-ти феврурари.

Share
Прочитај повеќе