Пораст кај цените во земјоделството

Во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, цените на инпутот, односно тековно потрошени средства во земјоделството се зголемиле за 2,4 отсто, а индексот на цените на инпут 2, односно средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалиле за 1,6 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Исплатата за тутунарите ќе биде деновиве, пред почетокот на производствената сезона

-Тутунарите ќе ги добијат субвенциите навреме, пред почетокот на новата производствена сезона, исплатата ќе биде деновиве за сите тутунари. Општина Кривогаштани е еден од поголемите региони за производство на тутун, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Со измените во Законот за вино се воведуваат нови производи

– Со измените во Законот за вино се воведуваат нови видови на производи како органско или ароматизирано вино и многу други продукти согласно на регулативата на ЕУ.  Ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој во саботата беше на средба со лозарите и преработувачите на грозје во Кавадарци.

Share
Прочитај повеќе

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

Учесниците на состанокот се согласија дека темата за контрола на производите и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната е од исклучителна важност од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите и посочија дека во земјава постојат голем број лаборатории кои вршат испитувања на нивната безбедност и квалитет. Неопходно е, истакнаа тие, заради поголема економичност и испитување на што е можно поголем број на мостри, државата да ја поддржи нивната работа, врз основа на претходна поделба на надлежностите и видовите на испитувања кои тие ќе ги вршат.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев и Деспотовски ја посетија „Аквапоника“- микрокомпанија што применува иновации во земјоделството

Сопствениците на компанијата „Аквапоника“, Милица и Васе Петрушевски, кои по струка се од ИТ-секторот и образование велат дека главната цел им е да ги урнат табуата дека земјоделството е нискодоходовно. Тие нагласија дека со нивниот пристап на развој на производ од „семка до полица“ по само неколку месеци носи резултати, како и дека без поддршка од државата нивниот концепт на развој на домашни брендирани еколошки градинарски производи би бил само идеја.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларство – календар на активности за месец април

Месец април е погоден за набавка на пчелни семејства. Тие мора да бидат здрави, без заразни болести и без карантин.

Share
Прочитај повеќе

Сточарство – календар на активности за месец април

Изведувањето на животните на отворено и хранењето со свежа трева може да создаде услови за појава на различни инфекции. Заради тоа, неопходно е да се превземат соодветни превентивни мерки.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – календар на активности за месец април

Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено. Доколку не е
извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец
да се заврши со таа агротехничка мерка. Треба да се користат комбинирани ѓубрива со
брза апсорпција. Потребно е да се започне со првите обработки на почвата и уништување
на плевелите.

Share
Прочитај повеќе

Печурката „смрчак“ се позабележлива и на подрачјето на Пијанец

-Смрчакот расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Во многу голем број се јавуваат на опожарени места. Извонредно е вкусна и држи доста добра цена. Еден килограм од оваа печурка достигнува цена и до 1.000 денари.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: ХС Злетовица го ставаме во целосна функција, на системот се приклучуваат и Карбинци, Лозово и Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Пробиштип, заедно со градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, одржаа работен состанок со менаџментот на хидросистемот Злетовица. На состанокот се разговараше за идните активности за заокружување на реализацијата на првата фаза од Проектот за водоснабдување ХС Злетовица, која се однесува на водоснабдување со квалитетна вода за пиење и поврзување на општините Карбинци, Лозово и Штип со овој систем.

Share
Прочитај повеќе