Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим, беше во работна посета на Општина Кривогаштани, каде се сретна со Градоначалникот Рубинчо Шефтероски, претставници од подрачната единица на МЗШВ и група на земјоделци. Од таму, Николовски порача дека тутунот е една од најбитните и најпрофитабилните гранки во македонското земјоделство.
-Тутунарите ќе ги добијат субвенциите навреме, пред почетокот на новата производствена сезона, исплатата ќе биде деновиве за сите тутунари. Општина Кривогаштани е еден од поголемите региони за производство на тутун, истакна Николовски.
На денешната средба, Министерот Николовски со градоначалникот, земјоделците и претставниците од подрачната единица разговараа и за сегашните и идните мерки за развој на производството на млеко и пиперка.
„Современо Земјоделство“