Бабовски: Исплатени близу 138 милиони денари за субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 2.944 субјекти, исплати близу 138 милиони денари за градинасрки култури, предадени во преаботувачки капацитети. Станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно, исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Северна Македонија ја поставува основата за климатска акција

Владата денеска го означи и почетокот на развојот на Работната програма на земјата за Зелениот климатски фонд со објавување на отворен повик за проектни идеи кои би се финансирале преку Фондот.

Share
Прочитај повеќе

Работилница за напредок на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“

-Главните очекувања од овој проект е да се му се помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како креатор на политиките, да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители“ – истакна министерот Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Втор инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари

Со овој оглас на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во Свети Николе, Велес, Струмица, Куманово, Неготино, Битола, Кочани, Кисела Вода, Пробиштип, Берово, Штип, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка. Рокот за доставување на потребната документација до министерството е 40 дена, сметајќи од денеска.

Share
Прочитај повеќе

За две и пол години исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за земјоделците, во следниот продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите

Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата. 

Share
Прочитај повеќе

Дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.

Share
Прочитај повеќе

Во Велес се одржа Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Форумот се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови. Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа: на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.

Share
Прочитај повеќе

Со Функционалната анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до поефикасни и навремени услуги за земјоделците

“Анализата покажа кои организациони единици се соочуваат со преоптовареност или пак со недоволно работни обврски. Тој податок помага подобро да се дефинираат одговорностите, да се идентификува кои делови ги извршуваат деловните процеси помалку ефикасно од другите и како резултат на тоа, кои организациони единици би требало да се дополнат, променат или да се спојат со други единици, се со цел да се зголеми ефикасноста на работните процеси”. изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Реакција на АХВ: Болеста африканска свинска чума ја нема во Македонија

Одговори за тоа до каде е истрагата за пратката со шпанското месо, по нејзиното завршување ќе ја даде Европската унија, а Агенцијата за храна и ветеринарство како и досега навремено и транспарентно ќе информира за тоа. “Неодговорниот” однос во пристапот со африканската свинска чума, како што тврди Трипуновски, за среќа, во Република Северна Македонија досега дава позитивни резултати, односно, болеста ја немаме во државава, иако, како што вели и тој, таа беснее во регионот.

Share
Прочитај повеќе